Кошаркарите се заканија со штрајк ако не добијат плати од клубовите

Асоцијацијата на кошаркарски играчи од Македонија објави соопштение во кое најави нови турбуленции во македонската кошарка, откако играчите ги побараа платите кои треба да дојдат како компензација за минатата сезона која беше прекината.

Ланската сезона не се доигра поради ситуацијата со ковид-19 и слично како и секаде во светот, шампионатот беше поништен. Во новото соопштение стои дека ова е последен апел до клубовите да седне и да се разговара на темата, во спротивно ќе се стапи со штрајк.

Новата сезона која ќе брои 12 клуба најавено е да стартува во октомври, а клубовите се уште формираат ростери за понатаму и не се започнати со тренажен процес. Покрај десетте клуба од лани, новајлии во елитата се Црн Дрим од Струга и ТФТ од Скопје како најдобри меѓу второлигашите.

  • Соопштението на Асоцијацијата на кошаркари во целост: