Кошаркарите се собраа подмладени пред двата последни предизвика

Кошаркарската репрезентација на Македонија стартува со подготовките и го имаше првиот собир за последните два натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2023 година.

Нашиот национален тим прво гостува кај Шпанија (први јули), а потоа за крај следи домашен меч со Украина (четврти јули). Селекторот Драган Бајиќ го собра најдоброто во моментов и на тренингот располагаше со вкупно 14 кошаркари.

Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Страхил Николов, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Тео Симиќ, Андреј Јакимовски и Рубин Стефанов беа имињата кои се ставија на располагање на Македонија.

Од нив, Николов, Какруки, Стефанов и Ташовски се дебитанти. Ќе се тренира во СЦ „Борис Трајковски“