Кошаркарите се „чекираа“ во Даблин, ќе тренираат трипати до мечот в недела

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ѝ гостува на Ирска во претквалификацискиот меч за Европското првенство кое ќе се одржи во 2029 година. 

Откако вчера го победија Азербејџан, веднаш репрезентативците утрово заминаа кон „островот“. Во попладневните часови пристигнаа во Даблин и се сместија во хотелот. Поради долгиот пат селекцијата доби слободна вечер, а до натпреварот в недела ќе се одработат три тренинзи. 

Во текот на утрешниот ден селекторот Марјан Илиевски ќе одржи два тренинзи, еден утрински и еден попладневен во „Националната баскет Арена“ во Даблин. На денот на мечот репрезентативците ќе имаат лабав тренинг рано наутро. 

Ирците ја дочекуваат Македонија в недела во терминот од 18:00 часот.