Кошаркарите паднаа место подолу на најновата ФИБА-листа

Кошаркарската репрезентација на Македонија победи со Австрија, но тоа не донесе напредок на најновата ФИБА-листа завршена по репрезентативните активности.

Нашиот национален тим се наоѓа на 32. место во Европа, односно 65. место во светот. За разлика од претходното рангирање, Македонија падна за едно место.

Најдобри селекции во Европа се Германија, Франција, Србија, Шпанија и Турција, додека во светот, лидер е САД.