• Иван Димовски
Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик, а тоа ќе бидат две врзани гостувања во претквалификациите за Светското првенство.
Избраниците на Марјан Илиевски утрово летнаа кон Шолнок, меѓутоа пристигнувањето во унгарскиот град е предвидено за попладневните часови. Кошаркарите ќе летаат преку Истанбул, а таму имаат седум часа пауза до новиот лет кон Будимпешта и за крај уште час ипол автобуско патување до Шолнок.
Натпреварот против Унгарците ќе се одигра на 9 август во терминот од 18:00 часот.
Четири дена подоцна Македонија ѝ гостува и на Романија во Орадеа во истиот термин.
