Кошаркарите ќе играат втора рунда претквалификации за СП 2023

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги потврди учесниците во втората рунда претквалификации за Светското првенство 2023 година.

Меѓу нив се најде и репрезентацијата на Македонија, која беше дел од осумте екипи кои им се приклучија на сигурните учесници Португалија, Исланд, Белорусија и Словачка.

Наскоро ќе бидат формирани четири групи по три учесници. Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главните квалификации.

Светскиот собир наредната година за првпат ќе биде организиран во повеќе држави. Домаќини ќе бидат Индонезија, Јапонија и Филипините.