Koшаркарите ќе ги започнат и завршат квалификациите на домашен терен

Репрезентациите на Италија, Естонија и на Русија се на патот на нашите сениори кон пласман на уште еден континентален собир. Денес во Минхен беа извлечени евроквалификациските групи за Евробаскет 2021, а нашата репрезентација е дел од групата Б.

Дефиниран е и календарот на натпревари, кој вели дека Македонија ќе дебитира на домашен терен против Естонија, а ќе го заврши циклусот со дуел против „аѕурите“:

Распоред на натпревари
20/21.02.2020
Македонија - Естонија
23/24.02.2020
Русија - Македонија

26/27.11.2020
Италија - Македонија
29/30.11.2020
Естонија - Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија - Италија