Кошаркарите до 16 години на меѓународен турнир во Србија 

Репрезентација во машка кадетска конкуренција (до 16 години) на почетокот на месец април ќе земе учество на меѓународен пријателски турнир во Србија каде покрај домаќинот и организаторот на овој турнир ќе настапат и соодветните репрезентации на Црна Гора и Израел.

Селекторот Денис Дервишевиќ излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во периодот на подготовки пред турнирот.

Давид Трпески – МЗТ С.А.
Антонио Софрониевски – МЗТ С.А.
Михаил Наумоски – Вардар
Павел Атанасов – Вардар
Дамјан Гацов – Вардар
Марин Петков – Вардар
Амар Хот – Феникс 2010
Горазд Величковски – Феникс 2010
Андреј Митревски – Феникс 2010
Теон Богатиновски – Феникс 2010
Предраг Стерјоски – Феникс 2010
Резарт Мемед – Анкона (Италија)
Теодор Симиќ - Барселона (Шпанија)
Филип Наков – Партизан Мулти Шпед
Никола Василевски – Партизан Мулти Шпед

Повиканите кошаркари треба да се појават на првата прозивка закажана за 29. март (петок) со почеток во 11:00 часот во малата сала „Кале“.