Кошаркари-херои: Во Фени нема плата, но пак ќе се брани гордоста на клубот!

Кошаркарите на Фени Индустри објавија соопштение во кое јавно со стручноот штаб соопштија дека и покрај тоа што немаат земено плата, ќе продолжат да ги бранат боите на клубот.

По заминувањето во стечај на главниот спонзор „Фени“, во клубот се соочуваат со голема криза. Плати за кошаркарите и стручниот штаб нема, а многумина предвидуваа распад. Но, кошакарите излегоа поголеми од се, па решија да се борат со секој проблем - заедно.

Во продолжение, прочитајте го соопштението на Фени Индустри:

Почитувани,

Откако и денес не добивме плата, ние, кошаркарите и стручниот штаб на МКК Фени Индустри, одржавме итен состанок на кој беше донесена следната одлука: „И покрај тоа што ние и денес не добивме плата, сепак едногласно одлучивме да останеме и заеднички, со целото свое кошаркарско знаење, срце и љубов да ги браниме боите, честа и гордоста на КК Фени Индустри и Кавадарци и на натпреварот против Пелистер, кој е закажан за во сабота, 9 септември, со почеток од 18 часот. Ние, кошаркарите и стручниот штаб ќе ја следиме состојбата во клубот, и согласно истата ќе се произнесуваме за следните наши активности“.

Со почит,
Кошаркарите и стручниот штаб на МКК Фени Индустри

Кавадарчани веќе направија големо изненадување, откако пред три кола извојуваа победа во Куманово