Кошаркар на Жалгирис е МВП на третите мечеви од евролигашкото четвртфинале

Кошаркарот на Жалгирис, Ажуолас Тубелис, официјално е прогласен за најкорисен играч (МВП) на третите натпревари од четвртфиналната серија во Евролигата. 

Тубелис на мечот со Фенербахче (81-78) забележа 26 поени, шест скока, две блокади и стигна до индекс на корисност од 31 - најголем од сите играчи кои настапија во оваа фаза. 

Зад Тубелис се најдоа Елајџа Брајант од Хапоел Тел Авив и Метју Стразел од Монако. Во ова друштво се уште Алек Питерс од Олимпијакос и Жан Монтеро од Валенсија.