Кошаркар на Шарлот уапсен поради семејно насилство

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџс е уапсен во Лос Анџелес. 

24-годишникот во средата бил приведен од страна на полицијата поради обвинение за семејно насилство. Според пишувањата на угледните медиуми во Соединетите Американски Држави, непозната жена блиска до кошаркарот била примена во болница со повреди откако расправија се претворила во физичка пресметка. 

Веројатно Бриџс сам се пријавил на надлежните органи, а откако платил кауција од 130.000 долари бил пуштен од притвор. Веројатно нему ќе му следи судски процес по кој може да добие и затворска казна, во зависност од интензитетот на повредите. 

Инаку, Бриџс пристигна во НБА лигата пред четири години кога беше одбран на драфтот од Клиперси, а потоа се пресели во Шарлот. Ова лето е во потрага по нов договор како слободен агент, барајќи максимален договор за својот потпис.