• Саше Љолес

Кошаркарот на грчки Панатинаикос, Никос Папас изјави дека состојбата во тимот е значително подобрена откако си замина црногорскиот тренер, Дејан Радоњиќ.
Папас отворено ги критикуваше работните методи на Радоњиќ и изјави дека е задоволен што конечно тимот функционира подобро со новиот тренер.
„Нашиот претходен тренер имаше свое гледиште и свои планови за работа. Неговата филозофија не ни одговараше и тимот не успеа да се адаптира на неговите замисли. Можеби неговите мотиви беа чисти, но начинот на работа не одговараше на стандардите на Панатинаикос“, изјави Папас.
32-годишниот Папас кој лани ја започна втората етапа во редовите на ПАО, изјави дека тимот сега има значително подобра атмосфера и е задоволен од доаѓањето на новиот тренер, Христос Серелис.
За потсетување, Дејан Радоњиќ заработи отказ од управата на Панатинаикос на 21 февруари, откако тимот влезе во серија на лоши резултати.