Кошаркар на Лејкерси суспендиран заради користење недозволиви супстанци

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Мајкл Бизли, доби забрана за настап на пет натпревари поради користење на недозволени стимулативни супстанци.

Бизли во моментов нема клуб, а откако ќе обезбеди нова средина и ќе потпише договор за соработка, ќе започне да ја одлежува суспензијата. 

Некогашниот втор пик на драфотот кој одигра 26 мечеви за „езерџиите“ минатата сезона, имаше во просек 7 поени и 2,3 скока.

Црномурестиот кошаркар во 11 сезони во НБА лигата настапувал за седум екипи.