• Иван Димовски
Интересна приказна доаѓа од Соединетите Американски Држави, поврзана со Еј-Џеј Грифин од Хјустон Рокетс.
Иако има само 21 година, младиот кошаркар веќе размислува за спортска пензија. Тоа го потврдија и најугледните новинари и медиуми во Сoeдинетите Американски Држави. Засега не е позната причината за таквата дилема, а делува дека Грифин е решен да се пензионира иако е далеку од времето за такво нешто.
Еј-Џеј Грифин е дел од Хјустон Рокетс од оваа година. Тој во 2022 година како шеснаесетти избор на НБА драфтот заврши во Атланта Хоукс. Две години се задржа во оваа франшиза, а потоа ова лето во трејд заврши во Рокетси.
Сепак, делува дека Грифин нема да остави трага во НБА лигата, бидејќи на само 21 година ќе ја заврши кариерата.