• Иван Димовски
Кошаркарската федерација на Македонија ги одреди натпреварувачките броеви на екипите за Првата лига која стартува на крајот на месецот. Претставници на дванаесетте клубови учесници беа присутни на влечењето на броевите, според кои се креира распоредот.
Веќе се познати паровите за првата рунда на шампионатот. Стартот на сезоната е закажан за 30 септември и 1 октомври. Уште во првото коло се очекуваат интересни дуели на Гостивар и Пелистер, како и скопската пресметка на Работнички и ТФТ, додека првакот МЗТ Скопје патува во Гевгелија.
- Парови за првото коло на кошаркарското првенство:
Гостивар - Пелистер
Академија ФМП - Еуро Никел 2005
Чаир 2030 - Феникс 2010
Кожув - МЗТ Скопје Аеродром
Работнички - ТФТ
Вардар - Охрид
Интересно, и покрај најавите за повлекување во ждрепката се наоѓа и кавадаречката гордост Еуро Никел. И во новата сезона како фаворит влегува МЗТ Скопје, а со високи амбиции одново се Пелистер, но во трката за врвот може да се вмешаат и ТФТ, Работнички, Гостивар...