Кошарка ќе има: Мак-клубовите може да се спремаат за АБА-2!

Натпреварите од второто коло во АБА лигата и втората рунда од АБА-2 лигата ќе се одиграат според претходно утврдениот распоред и во закажаните термини, откако успешно беа решени сите прашања поврзани со организацијата на судењето за сезоната 2026/27.

Од АБА лигата соопштија дека се исполнети сите неопходни услови за почеток на регионалните натпреварувања, на задоволство на клубовите, играчите, тренерите и бројните навивачи. Во изминатиот период биле вложени големи напори за изнаоѓање соодветни решенија во новонастанатата ситуација и за надминување на бројните предизвици, кои доведоа до одложување на натпреварите од првото коло во АБА лигата и АБА-2 лигата.

Во меѓувреме, во најкраток можен рок е комплетирана новата листа на судии, по што се создадени сите предуслови за непречен старт на регионалните натпреварувања. Термините за одигрување на одложените натпревари од првото коло во АБА лигата и првата рунда од АБА-2 лигата ќе бидат дополнително одредени и објавени во наредниот период.

Македонија ќе има два претставници во АБА-2 лигата, тоа се екипите на МЗТ Скопје и ТФТ Скопје.