• Горан Упале
НБА шампионот Оклахома Сити Тандер извојува победа над Шарлот Хорнетс во претсезонскои натпревар со 122-116. Исаија Џо постигна 19 поени и ја предводеше Оклахома до втората предсезонска победа, а за Хорнетси плејмејкерот Тре Ман беше најдобар стрелец со 18 поени.
Најинтересниот момент од натпреварот се случи на почетокот на третата четвртина, кога крилниот играч на Тандерси, Карсон Волис, постигна ретко виден кош. Со звукот на сирената, тој скокна по речиси загубената топка зад кошот и ја фрли топката преку таблата. На одушевување на гледачите и другите играчи, таа влезе во кошот.
Волис беше избран пред две години како десетти избор на драфтот на НБА и оттогаш игра за Оклахома.








