• Саше Љолес

Победите и трофеите во европската кошарка не секогаш значат и континуиран напредок. Најдобар доказ за тоа е Монако, кој доживеа целосен финансиски колапс, го распушти тимот и сега практично почнува од почеток.
Иако во изминатиот период се појавија информации дека Монако би можел целосно да ја напушти француската кошарка, откако тамошната администрација го исфрли клубот во трет ранг на натпреварување, па дури и да се приклучи во АБА лигата, од тоа нема да има ништо.
Монако ја прифати својата судбина и официјално потврди дека следната сезона ќе игра полупрофесионална кошарка.
Клубот оваа недела ќе ја поднесе апликацијата за учество во третата француска лига, а целта е јасна - враќање на старите патеки. Новата сопственичка структура ќе се обиде повторно да го издигне Монако на нивото на кое беше во изминатите години.
Станува збор за актуелниот шампион на Франција, но сопственикот Алексеј Федоричев повеќе не можеше да внесува финансиски средства во клубот. Долговите се натрупаа и достигнаа неверојатни 24 милиони долари.
Како последица на финансискиот колапс, Монако нема да игра ниту во Еврокупот. Неговото место во групната фаза ќе го заземе Босна, која така ќе се врати на европската сцена по 19 години.

