• Мартин Танасковски
Грчката кошаркарска ѕвезда Јанис Адетокумбо патува кон Мајами каде ќе му се приклучи на тренинг-кампот на Милвоки Бакс. Најголемата ѕвезда на тимот ќе биде дел од подготовките за стартот на својата 13-та сезона во НБА, иако со мало задоцнување.
Причината за тоа беше позитивниот тест на коронавирус што Адетокумбо го доби во текот на престојот во Грција. Тој мораше да остане во родната земја сè додека не доби зелено светло од медицинските лица за патување.
Адетокумбо, кој има 30 години, зад себе има уште една исклучителна сезона во дресот на Бакс. Во изминатиот шампионат, тој одигра 72 натпревари со просек од 30,6 поени и 12,2 скока по меч, потврдувајќи дека и понатаму е еден од најдоминантните кошаркари во лигата.
Милвоки моментално се подготвува во Мајами, каде што тимот ќе одигра контролен натпревар против домашниот состав на Мајами Хит. По тој дуел, планирани се уште неколку пријателски натпревари против Детроит Пистонс, Чикаго Булс и Оклахома Сити Тандер.







