Коркмаз и Дуда се испотепаа, Турција капитулира по две екстра-времиња

Кошаркарската репрезентација на Турција доживеа шок во Тбилиси. Загуби од еден од домаќините на Европското првенство (ЕП), тоа е Грузија, во меч кој се играа две продолженија (68-68 регуларен дел, 83-88 конечен резултат).

Турците важеа за огромни фаворити, но не успеаја да го приведат мечот кој своја корист, иако во финишот имаа позитива. На 11 секунди пред крајот Турција имаше 68-66, но одбраната потфрли и му дозволи на Мекфејден да поентира за два на секунда и пол до крајот.

Во првите додатни пет минути Турција отвори подобро и обзбеди „плус пет“ (74-69), но не даде кош две и пол минути и Мекфејден беше кошаркарот кој донесе 75-75 и нови екстра пет минути. Во нив беше изедначено до 81-81, па Грузијците удрија со тројки по ривалот.

Мечот го одбележа и тепачка на Коркмаз од Турција и Дуда Санадѕе од Грузија. Двајцата беа исклучени во средината на четвртиот квартал и ги чекаат дополнителни казни за недолично однесување. Публиката исто така почна да фрла со тврди предмети и чаши со пиво.

Најдобар кај Грузија беше Мамукелашвили со 20 поени и 12 скока, пред Мекфејден со 17 поени, додека кај Турција, Шенѓун постигна 19 поени, Санли додаде 15, додека Чеди Осман застана на 13 поени.