• Саше Љолес
НБА лигата и оваа сезона ќе добие нов шампион, што значи дека осма година по ред титулата ќе заврши во рацете на различна франшиза. Ова е најдолгата низа на различни шампиони во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Последниот тим што успеа да ја одбрани титулата беше Голден Стејт Вориорс, кој славеше во 2017 и 2018 година. Оттогаш шампионскиот трофеј го освојуваа различни екипи - Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс, Милвоки Бакс, повторно Голден Стејт, Денвер Нагетс, Бостон Селтикс и Оклахома Сити Тандер.
Годинешното финале ќе донесе уште едно ново име на листата шампиони, со што ќе биде продолжен трендот на голема неизвесност и рамноправност во лигата. Аналитичарите сметаат дека токму ваквата конкурентност е една од причините за зголемениот интерес кај љубителите на кошарката ширум светот.
Во изминатата деценија, НБА лигата беше препознатлива по доминацијата на неколку супертимови, но последните години донесоа сосема поинаква слика, во која повеќе франшизи имаат реална шанса да стигнат до шампионскиот прстен.

