ВИДЕО: Комплетирани плеј-оф паровите, крај за Кливленд и ЛА Клиперс

Атланта

Атланта Хокс победи на гостински терен и го завери пласманот во плеј-офот. Екипата од Џорџија беше поуспешна од Кливленд Кавалирс (101-107), кој може да жали, бидејќи испушти висока предност на овој натпревар.

Гостите подобро започнаа и во еден момент имаа +14. Меѓутоа фантастичното второ полувреме на Треј Јанг ѝ помогна на Атланта да го комплетира пресвртот. Одличниот шутер постигна 32 поени во вториот дел и на крај заврши со највисоки 38 поени. Мајами Хит ќе биде противникот на Хокси на почетокот од плеј-офот.

Во вториот меч изненадувачки триумф запиша Њу Орлеанс Пеликанс во дуелот со Лос Анџелес Клиперс (101-105). Гостите го искористија отсуствот на Пол Џорџ, кој пред натпреварот доби позитивен тест на коронавирус, за да го освојат последното место кое носи плеј-оф кошарка.

„Клиповите“ беа во одлична позиција пред почетокот на последната четвртина. Тие имаа двоцифрена предност во своја корист, која ја испуштија со очајна офанзива во завршните дванаесет минути. Брендон Инграм блесна и оствари учинок од 30 поени, а по 27 за домашниот тим запишаа Реџи Џексон и Маркус Морис.