ВИДЕО: Компилација од најдобрите потези на кошаркарскиот „доктор“ Теодосиќ во Рио!

Милош Теодосиќ

Србија за првпат во историјата со ова име ќе игра кошаркарско финале на Летни Олимписки Игри. Утре во борбата за златото ќе се бори против селекцијата на САД, откако синоќа едноставно ја демолира Австралија, а најзаслужен за тоа беше капитенот Милош Теодосиќ, кој имаше нова одлична партија. 

Дека кошаркарот на ЦСКА Москва буквално е кошаркарски „доктор“ говори и видео записот што следува, во кој може да се видат сите негови „магии“ на овие Олимписки игри. Погледнете ги и уживајте во потезите на човекот кој сигурно ќе биде најголемата опасност на скапите ѕвезди од НБА во финалниот дуел во Рио.