• Мартин Танасковски
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ шокантно беше испратен од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а на големо се зборуваше дека причина за трејдот била неговата тежина поради која бил често повреден и надвор од форма.
Медиумите претходно наведуваа дека Дончиќ достигнал тежина од 270 122,5 килограми, што ако беше потврдено, ќе го направеше најдебел играч во НБА во моментов. Сепак, Дончиќ ги отфрли сите такви написи.
„Верувајте, тоа ми е мотив. Знам дека не е вистина и затоа ми е мотив. Дојдов во еден од најголемите клубови во историјата на спортот, па така тие такви работи кои се говореа за мене ми се мотив на долг рок“, изјави Словенецот.
Во моментов, наведено е дека Лука Дончиќ тежи 104 килограми, но бројката често варира. Се тврди дека тој загубил на килажа по доаѓањето во ЛА Лејкерс.