Колку инкасираа учесниците на Ф4 на Евролигата во Белград?

Кошаркарските клубови ни приближно не добиваат средства како фудбалските кога ќе ги освојат најзначајните трофеи на контитентот. Така и овојпат изненадувачки ниски се премиите кои организаторот ги издвои за четирите екипи кои во Белград се бореа за европската круна,

Најдобро мина шампионот Анадолу Ефес, кој покрај титулата, инкасираше 1,5 милиони евра. Финалистот Реал Мадрид освои 850.000 евра, а поразените екипи во полуфиналето се задоволија со 750.000 евра (Барселона) и 650.000 евра (Олимпијакос). Сите четири екипи, сопственици на лиценца А на Евролигата на почетокот од натпреварувањето добија по 1,5 милиони евра.

Завршниот турнир во Белград беше полн погодок и сите натпревари беа одиграни пред полни трибини и со голем број грчки фанови во претходните три дена. Се предвидува дека главниот град на Србија ќе инкасира околу дваесет милиони евра само од спортски туризам неделава.

Берлин е најсериозен кандидат за домаќин на следниот „фајнал-фор“ на најсилното клупско кошаркарско натпреварување.