Кокошков пред отказ во Фенер, доаѓа Тринкиери!?

Актуелниот селектор на Србија, Игор Кокошков, би можел порано од предвиденото да си замине од Фенербахче затоа што управата не е задоволна од постигнатите резултати оваа сезона.

Фенер во турскиот шампионат доби „метла“ од Анадолу Ефес, нешто што го загрижило бордот на директори и од Турција велат дека можно е тој да биде наскоро променет. Како најсериозен наследник на Кокошков се споменува името на Андреа Тринкиери.

Тринкиери направи добар резултат со Баерн Минхен во Евролигата. Кокошков потпиша двегодишен договор со гигантот од Истанбул, но можно е спогодбено да биде раскинат.

Пред да биде ангажиран Кокошков, Тринкиери беше желба на Фенербахче.