Кокошков ќе почека, Анадолу Ефес изрази целосна поддршка за тренерот Банки

Иако пред неколку дена турските медиуми најавуваа дека управата на Анадолу Ефес ќе му врачи отказ на тренерот Лука Банки, сепак, до такво нешто нема да дојде, барем не до крајот на оваа сезона. 

Челните лица на турскиот гигант изјавија дека Италијанецот има полна доверба од управата која верува дека тимот ќе ги оствари зацртаните цели за оваа сезона. На големо се зборуваше за доаѓање на трофејниот Игор Кокошков, но тоа би можело да се случи после истекот на сезоната. 

Банки има договор со Анадолу Ефес до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката. Тимот во моментов е на 11. позиција во Евролигата, со учинок од 14 победи и исто толку порази.