• Зоран Мишевски
Човекот кој минатата сезона го промаши последниот шут за Олимпијакос во финалето во Каунас против Реал Мадрид, сега беше лидер во финалето против истиот ривал. Во зелениот дрес на Панатинаикос, Костас Слукас ја одигра својата животна партија и со 24 поени вгради многу во победата од 95-80.
Сепак, Слукас сите заслуги ги префрли кај тренерот Атаман.
„Ергин е човекот кој може да создаде династија тука во Панатинаикос. Дојде во Ефес и го одведе до две европски титули. Кој може нешто да му каже на Атаман? Тој е човекот кој ме доведе, заради него пристигнав и видовте што се случи со оваа сезона.
Ор првиот ден Ергин велеше купете си билеКој ти за Берлин. Таа самодоверба ни ја пренесе, тој е победник. Беше тешко да се добие серијата со Макаби, а тука во Берлин ги победивме Фенебахче и Реал Мадрид со по 15 поени разлика“, рече Слукас.
Атаман се согласи на договор на само една сезона, но скоро сите се согласни дека наскоро ќе добие нов договор.