Кој, ако не тој: Војдан Стојановски е МВП на финалната серија

Нема крај на серијата на титули на МЗТ Скопје, а не е ни блиску крајот на неверојатната кариера на Војдан Стојановски. Испиша легендарниот македонски кошаркар уште една страница во својата биографија.

Сега ја дополни со наградата – признанието за најкорисен играч на финалната серија на плеј-офот. Еден од најискусните играчи во ново-стариот шампион одигра уште една одлична партија во третиот и решавачки натпревар, кој им ја донесе на популарните „металци“ и 13. шампионска титула.

Гледано низ бројки, Војдан Стојановски го заврши последниот меч во оваа серија со ефект од 17.поени (3/9 за три, 3/6 за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања, но и по три скока, три асистенции и три освоени топки за 29:31 минути поминати на паркетот.

Апсолутно заслужено – Војдан Стојановски е МВП!