• Иван Димовски
Поранешниот селектор на Македонија, Драган Бајиќ, моментално работи како спортски директор во австриска Виена. Овој клуб загуби во последното коло од АБА лигата против Будуќност дома (78-83).
Сепак, пред крајот Виена бркаше резултат, а Бајиќ реши да се врати на старите патеки и да му помогне на тренерскиот тим. Тој пријде до клупата на тајм-аут и нацрта акција која резултираше со реализирана тројка и стана хит. За жал неговиот тим претрпе пораз и не успеа да се врати до егал.
Драган Бајиќ ја предводеше репрезентацијата на Македонија од април 2021 до јули 2022 година. Како тренер тој ги водеше Игокеа и Черно Море.








