Кога не игра Јокиќ, Денвер може да биде најлош тим во НБА лигата!

Никола Јокиќ е дефинитивно движечка сила на Денвер Нагетс и овој тим изгледа комплетно поинаку когa српскиот ас не е паркетот. Јокиќ сезонава е во одлична форма и повторно е главен кандидат за МВП признанието, но американските медиуми изнесоа статистички податоци со кои се потврдува дека Денвер без Јокиќ може да биде најлош тим во историјата на НБА лигата!

Интересно е тоа што кога Јокиќ е во тимот, тогаш Денвер е на врвот на скоро сите статистички категории, а кога „џокерот“ не е на паркетот, истата екипа веднаш „паѓа“ на најдолните скалила. 

Нагетси „владеат“ во офанзивниот сегмент (шутеви од игра и обиди за три поени), а тука се секако и бројот на асистенции и изгубени топки, но кога Јокиќ не игра, тогаш се на последното 30. место во офанзива и во прецизни шутеви и дури на 28. место во обидите за три поени. 

„Денвер зависи од Јокиќ исто како што Чикаго Булс зависеа од учинокот на Мајкл Џордан. Јокиќ е главен скокач, додавач, плејмејкер, шутер и лидер на буквално секој натпревар“, изјави славниот тренер Џорџ Карл. 

Во моментов Нагетс имаат учинок од 11 победи и девет порази, а следен предизвик ќе им биде натпреварот против Вашингтон Визардс.