• Горан Упале
Минатиот викенд стартуваше новата сезона во АБА лигата, а следната недела стартува и Евролигата каде повторно ќе настапат најголемите српски клубови - Партизан и Црвена Звезда.
Првата меѓусебна средба во новата сезона е закажана за 21 ноември во 11. коло во Евролигата, а еден месец подоцна, на 22 декември, „вечните“ треба да се сретнат и во 13. коло на ABA лига. Двата пати Црвена Звезда ќе биде домаќин.
Сепак, деновиве во Србија се промовира концертот на фолк ѕвездата Александра Пријовиќ за 22 декември, па сигурно е дека Звезда и Партизан тој ден нема да излезат на паркетот на белградска „Арена“.
Со оглед на тоа дека на 20 декември Партизан го пречекува Ефес во Истанбул, а Звезда истиот ден го пречекува Макаби во 17. коло од Евролигата, не е можно дербито да се одигра ден порано.
Поради тоа големото дерби најверојатно ќе се одржи по 22 декемви, а дали тоа ќе биде еден или два дена подоцна, зависи од тоа колку време ќе биде потребно да се врати арената во првобитната состојба по концертот на фолк-ѕвездата.