Кочовиќ: Наидов на прекрасна група, едвај чекам да дебитирам за Пелистер!

Никола Кочовиќ е новото засилување на Пелистер, а српскиот кошаркар не го крие задоволството од договорот со битолчани. Тој веќе воспоставил одлична комуникација со управата и со нетрпение го очекува дебито во зелено-белиот дрес.

„Среќен сум што сум дел од овој проект. Уште од самиот почеток имав одлична комуникација со управата и лесно се договоривме. Наидов на добра група и одлични односи во тимот, па нестрплив сум да дебитирам. Верувам дека го направив вистинскиот избор со потписот за Пелистер“, порача Кочовиќ.

Неговото пристигнување е нов чекор во формирањето на тимот на Пелистер, кој и во новата сезона ќе се стреми кон добри резултати на домашната кошаркарска сцена. Битолчани веќе започнаа со победа над ТФТ Скопје и пораз на гостувањето во Струмица.