Кочов: Треба да шутираме кога треба, а ние тоа денес не го правевме

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром неочекувано беа поразени од Слобода Ужице со 81-70 во АБА2 лигата. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром неочекувано беа поразени од Слобода Ужице со единаесет разлика во АБА 2 Лигата. Дуелот беше неизвесен во првото полувреме, кое заврши со нерешени 37-37, но во третата четвртина следуваше голем пад на македонскиот тим кој беше пресуден за поразот.
 
Кочов беше критичен кон своите играчи, исто како и по поразот во Битола пред седум дека, а и по тешката победа во вторникот против Хелиос.

„Ве уверувам дека не го потценивме противникот. Не одигравме на посакуваното ниво, иако се подготвувавме и го анализиравме натпреварот. Кога ќе промашиш осум слободни фрлања во едно полувреме, тоа е катастрофа. Противникот покажа поголема храброст, а ние кога требаше да шутираме, не го правевме тоа, а потоа се влегуваше во импровизација и се случи тоа што се случи“, изјави Кочов.

В недела против Студентски Центар, „штрковите“ го играат последниот натпревар на овој втор „балон“ од АБА2 лигата сезонава, а потоа се враќаат на обврските во домашниот шампионат.