Кочов: Сакаме успешен крај на регуларниот дел од сезоната на АБА2

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје денес го игра својот последен натпревар од регуларниот дел во АБА2 лигата. 

Во салата „Јане Сандански“ ќе гостува тимот на Спарс, а Ѓорѓи Кочов вели дека иако овој дуел нема резултатско значање, посакува МЗТ успешно да го заврши овој дел од регионланото натпреварување. 

„Иако натпреварот против Спарс нема резултатско значење за двете екипи, сакаме да доиграме квалитетен натпревар и успешно да го завршиме регуларниот дел од сезоната. Овој дуел ќе ни служи за дополнително воигрување за она што нè очекува, а тоа е вистинската пресметка со Спарс од полуфиналето на ова натпреварување“, рече Кочов. 

Првиот полуфинален меч против Спарс се игра во Босна на 20 март, а четири дена подоцна е закажан реванш мечот во Скопје. Доколку е потребна „мајсторка“, истата ќе се одигра во Сараево на 28 март.