Кочов: Пресудија големиот број загубени топки, одлучувачка беше третата четвртина

Иако играше далеку подобро од претходните дерби натпревари, МЗТ Скопје Аеродром со празни раце се враќа од Битола. По ланската победа по продолженија, сега „штрковите“ загубија во драматичен финиш, во кој за малку не комплетираа целосен резултатски пресврт. С

Скоипјани се вратија од 85-72 до 85-85,но  сепак момците на Кочов ги промашија последните три шута и мораа да им честитаат на пелистерци. Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов вина ви поразот гледа во многубројните загубени топки. 

„Мислам дека имавме премногу загубени топки за еден ваков натпревар и  тоа го реши натпреварот. Им дозволивме многу шутеви за три поени и натпреварот го загубивме во третата четвртина. Првиот дел беше далеку во наша полза, но во третиот период застанавме и во одбрана и во напад и дозволивме да примиме премногу кошеви. Решија детали, немаше да биде незаслужено и ние ако победевме. Честитки за Пелистер, убаво е и за градот што оваа екипа игра вака добро. Ние имаме поправен испит, но сега нашите мисли се на турнирот на АБА2 лигата во Бања Лука“, ни рече Кочов.

Невообичаено, главниот кандидат за титулата има три порази од шест одиграни натпревари и гравитира на средината од првенствената табела.