Кочов: Победата е за самодоверба пред дербито со Работнички

Македонскиот вицешампион, МЗТ Скопје синоќа забележа важна победа во рамките на АБА2 лигата и со високо подигната глава се врати од Вршац, каде славеше со 88-95.

Петтиот триумф во натпреварувањето го задоволи тренерот Ѓорѓи Кочвов, кој веќе мисли на дербито со Работнички.

„Резултатското значење на овој натпревар за нас беше огромно. Нашите амбиции се да бидеме на едно од првите четири места, а немавме гостинска победа. Немавме решение за нивната „пик енд рол“ игра, но покажавме карактер и на крај победивме. Задоволен сум од победата и очекувам голема самодоверба пред дербито со Работнички“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.

В понеделник металците гостуваат  ќе го пречекаат шампионот во првото големо дерби оваа сезона.