Кочов: Направивме еден добар „тренинг“ пред плеј-офот со Спарс

Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје го заврши лигашкиот дел со победа. Славеше над директниот ривал во плеј-офот, Спарс Сарајево, а тренерот Ѓорѓи Кочов истакна дека победата е на страната на аеродромци, во еден меч кој бил без голем набој и резултатско значење.

„Натпреварот против Спарс го видов како еден дуел без набој и без резултатско значење. Противникот дојде со четири играчи помалку, но за нас беше важно да победиме и да направиме еден добар „тренинг“, како подготовка за плеј-офот. Мислам дека успеавме во тоа. Спарс и без четири играчи покажа дека е шутерска екипа, дека е опасна. Поради тоа очекувам тешка борба во плеј-офот“, изјави Кочов.

Натпреварите во плеј-офот стартуваат на 20 март, а МЗТ Скопје прво ќе гостува во Сараево, за неколку дена подоцна да го пречека ривалот во Скопје во вториот меѓусебен натпревар.