• Зоран Мишевски

Променвливата игра цела оваа есен кошаркарите на МЗТ Скопје ја пресликаа и во АБА2 лигата, па ризикуваа да фрлат во вода уште еден добиен натпревар. Сепак, победен е Хелиос со 70-69, а тренерот Кочов сепак делуваше луто по натпреварот.
Младиот стручњак испрати порака дека уште вечерва треба да почне да се исправаат грешките.м
„Добра работа е само што забележавме победа. Знаевме дека ќе играат со шест-седум играчи, знаевме дека ќе играат зона, но сепак си дозволивме да си ја искомпликуваме судбината во финишот. Неодговорност и вакви грешки досега немам видено. Единствена добра работа е што го промашија тој последен шут и што победивме.
Уште вечерва ќе почнеме со корекција на сите работи што ги направивме погрешно на овој натпревар“, изјави Кочов.
В петок од 13:00 часот МЗТ Скопје го игра вториот натпревар на „балонот“ во Бања Лука, а ривал им е Слобода Ужице.