Кметовска си замина од Баскет КАМ и се врати меѓу „баделки“

Екипата на ЖКК Бадел 1862 го официјализира договорот со македонската репрезентативка Ивана Кметовска.

По една година пауза, 26-годишната кошаркарка се враќа во редовите на „баделки“. Изминатата сезона ја мина во Баскет КАМ, кој ја освои двојната круна во домашните шампионати.

Кметовска е висока 191 сантиметар и игра на позициите под обрачот. Нејзиното искуство сигурно ќе ѝ помогне на екипата во намерата да се врати на тронот на македонската кошарка.