• Зоран Мишевски
Во дерби дуелот на ланските финалисти во плеј-офот на женскиот кошаркарски шампионат, Баскет Кам убедливо славеше против ЖКК Вардар со 79-57.
Екипата од Македонска Каменица стигна до нов убедлив триумф, во најголема мерка по заслуга на извонредната Ивана Кметовска. Македонската репрезентативка реализираше 30.поени за победничката екипа, а одлично беше следена од Димова која уфрли 17 пдносно Поп Димитровска коај го заврши дербито со 14. реализирани поени.
Во гостинската екипа, Селцова дојде до 14 поени, Пислевска имаше 13, а Зафировска и Трајковска додадоа по осум.
Прва лига (ж)
Четврто коло:
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет 90-48
Баскет кам 2011 – Вардар 79-57
Бадел 1862 – Патриот 83-58
По четири кола, Баскет кам има максиимални четири победи, за Вардар ова е веќе втор пораз од почетокот на сезоната.