Клупата на Лејкерси на интересен начин го провоцираше Јокиќ

Вториот меч од западното финале го одбележаа Ентони Дејвис и Никола Јокиќ. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс погоди тројка за победа, а српскиот центар одигра феноменална средба, но остана пократок за намалување на негативата.

Србинот имаше проблеми во одбраната, а тоа го искористија резервистите на „езерџиите“. Тие го провоцираа најдобриот кошаркар на Денвер Нагетс секогаш кога Дејвис ќе тргнеше да го напаѓа еден на еден.

„Вечерва е Денот на благодарноста, има риба за вечера, мезе, филе мињон со компири, чаша шампањ...“, извикуваа Хауард и Мекги.

Веќе во следниот напад се случија лесни поени за Дејвис во дуелот со Јокиќ, што донесе нов извик од клупата на Лејкерси: „Кажавме дека вечерва ќе има празник во рекетот...“.

Со оглед на квалитетите на српскиот кошаркар, можеби овие провокации не се добра идеја и тоа може да влијае на неговата мотивација во натпреварите кои следат.