Клубовите може да пазарат: Од денес стартува трансфер периодот во мак-кошарката

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) ги информираше сите клубови, согласно членовите од регистрацискиот правилник, за преодниот рок за кошаркари и кошаркарки во сениорските и во младинските лиги од натпреварувачката сезона 2020/2021.

Преоден рок 2020/2021: 

Пријавата на екипа во младински категории треба да биде пополнета и вратена најдоцна до 15 август 2020 година до канцеларијата на КФСМ (по електронски пат).

Образецот за пријава на екипа, како и сите останати потребни обрасци можат да се пронајдат ОВОЈ линк.