Клуб од Саудиска Арабија влегува во АБА лигата

Регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата, во скоро време може да добие нов тим. Тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување, пишуваат српските медиуми.

Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја и желба до реализација патот е долг, има технички фактори за кои ќе се решава и како тие да се вклопат. Тимот на Ал-Ула од Саудиска Арабија веќе престојуваше на подготовки во Србија.

Во АБА лигата во минатото имало екипи од Унгарија, Романија, Израел, а од минатата сезона член е и тимот на Дубаи.