Клуб од АБА загуби со 85 поени разлика, но има причина за ваквиот резултат!

Неверојатен кошаркарски дебакл се случи во првото коло од шампионатот на Австрија. Виена на гостувањето кај Траискирхен беше поразена со неверојатни 122-37, односно со дури 85 поени разлика.

Причината за ваквиот резултат е тоа што Виена, по одложувањето на натпреварот од првото коло во АБА-лигата против Дубаи, на ова гостување настапи со јуниорски состав.

Домаќинот уште од самиот старт покажа огромна разлика во квалитет. По првата четвртина беше 36-2, а на полувремето Траискирхен водеше со неверојатни 65-9. До крајот Виена успеа да стигне само до 37 поени.

Хил со 19 поени беше најефикасен кај победникот, додека Крес постигна 16, а Тајлор 14 поени. Кај Виена единствен двоцифрен беше Лукас Цветкова со 12 поени.