ВИДЕО: Кливленд стигна до 11. победа по ред, пред Леброн Џејмс и другарите падна и Мемфис

Кошаркарите на Кливленд ја забележаа 11. победа по ред, а најнова нивна жртва е тимот на Мемфис, кој го совладаа со 116-111. За гостите денешниот пораз е нивни 11. по ред, а повторно најзаслужен за триумфот беше Леброн, кој во финишот постигна 13 поени по ред. Воедно Џејмс беше и најефикасен со 34 поени и 12 асистенции, а исто така „дабл-дабл“ учинок оствари и Кевин Лав - 20 поени и 10 скока. Во поразениот тим на Мемфис најефикасен беше Тајрик Еванс со 31 поен.

Кошаркарите на Филаделфија продолжуваат со добрите игри, откако на домашен терен го совладаа тимот на Детроит со 108-103. Повторно лидер беше Џоел Ембид со 25 поени, а солиден беше и Хрватот Шариќ, кој уфрли 17 поени. Во поразениот тим најефикасен беше Харис со 27 поени.

Кошаркарите на Денвер Нагетс со фантастична игра во последната четвртина славеа победа против ЛА Лејкерс со 115-110, а дури шест играчи на Денвер натпреварот го завршија со двоцифрен учинок. Најефикасен беше Џамал Мареј со 28 поени. За Лејкерси, Брендан Играм постигна 20 поени.

Во останатите два натпревари, Милвоки на домашен терен го совлада Сакраменто Кингс со 109-104, а Њу Орлеанс славеше гостинска победа против Портланд со 116-123.