Кливленд се ослободи од Жижиќ и му го отвори патот за Мадрид

Зизиќ

Хрватскиот центар Анте Жижиќ многу веројатно ќе ја продолжи кариерата во Европа. За него постои голем интерес од редовите на Реал Мадрид.

208-сантиметри високиот кошаркар беше ослободен од Кливленд Кавалирс, со цел да биде дел од подготовките на „кралевите“. Тој ќе биде трето засилување за шпанскиот гигант, по Карлос Алосен и Алберто Абалде. Младиот кошаркар игра во НБА лигата од 2017 година. Досега запишал 117 настапи во најсилната лига на светот.

Соработката меѓу 23-годишникот и „кралскиот“ клуб треба да биде официјализирана во наредните неколку дена.