ВИДЕО: Кливленд реди победи, Гилџус Александер со рекордна партија донесе триумф на Оклахома

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ја забележаа 12. победа во исто толку натпревари во НБА лигата, овојпат на гостувањето кај Чикаго Булс (113-119). Продолжи тимот од Кливленд да гази во најсилното првенство на светот во кое е единствен максимален. Донован Мичел беше прво име во победата на Кавалирси со 36 поени, додека Зек Лавин се истакна кај домашните со 26. 

  • Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс:

Оклахома се врати на победите и дома ги совлада Клиперси (134-128). Тимот од Калифорнија немаше за подвиг и изненадување во „Пејком центарот“. До победата Тандерси ги водеше екстра расположениот Шеј Гилџус Александер кој го заврши мечот со 45 поени, а кај гостите најдобар беше Пауел со 31.

  • Оклахома Сити Тандер - ЛА Клиперс:

На останатите терени Сан Антонио дома го совлада Сакраменто (116-96), Хјустон беше подобар од Вашингтон (107-92) и Бруклин минимално слави во Њу Орлеанс (105-107).