ВИДЕО: Кливленд го среди и Торонто, Вориорси ја добија драмата со Детроит

Koшаркарите на Кливленд Кавалирс продолжуваат со фантастичните игри и резултати во новата сезона во НБА лигата. По триумфот против Оклахома јасно беше дека Торонто ќе биде нивни нов плен, иако Канаѓаните добро се држеа (132-126). 

Тоа беше пресметка меѓу најдобриот домаќин и најлошиот гостин во лигата. На крај очекуван расплет, по што со 33-4 Кавси го имаат петтиот најдобар старт во историјата на лигата. Дариус Гарланд постигна 40 поени за победничкиот тим, а одличен беше и Џерет Ален со 18 поени и 15 скока. Кај гостите на ниво беше Скоти Барнс со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Голден Стејт Вориорс ја доби драмата со Детроит Пистонс, тим кој за првпат по пет години стигна до позитивен скор. Малик Бисли промаши тројка за продолжение, Пистонс се вратија од -18, но победата сепак му припадна на Голден Стејт.

Кај Пистонси, како и обично, најдобар беше Кејд Канингем со 32 поени, осум асистенции и шест скока. Од друга страна, Кари имаше лоша шутерска ноќ, но Бади Хилд со 19 поени и неколку играчи од клупата беа клучни за победата на гостите.

Далас Маверикс се спаси со серија 16-0 и Портланд падна во Тексас (117-111). Џејден Харди постигна 25 поени, најмногу оваа сезона, а домашната екипа и на оваа средба беше без Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Кај Портланд се истакна Симонс со 22 поени.

Најнови вести од
НБА, САД