ВИДЕО: Кливленд прокоцка +22 и загуби од Индијана, Голден Стејт незапирлив на гостински терен

Кошаркарите на Кливленд продолжуваат со лошите игри и синоќа се поразени од Индијана со 97-95, за седми пораз во последните десет натпревари. Кавалирси имаа предност и од +22 поени, но и тоа на крајот не беше доволно за победа. Најефикасен во тимот на Индијана беше Колисон со 22 поени, а кај гостите од Охајо, Леброн Џејмс запиша највисоки 27 поени.

Актуелниот НБА шампион ја забележа 11. победа по ред на гостински терен, откако синоќа го совлада Милвоки со 98-104. „Воините“ до новиот триумф ги предводеше Кевин Дурант со 26 поени, а Дрејмонд Грин додаде 21 поен. Кај поразените Бакси, најсветла точка беше Гркот Антетокумпо со 23 поени.

Кошаркарите на Денвер ја запишаа 22. победа во сезоната, откако славеа против Мемфис со 87-78. Кошаркарите на Мемфис беа подобар ривал во првиот дел, но во продолжение Нагетси направија целосен пресврт и стигнаа до победата. Повторно еден од најзаслужните беше Никола Јокиќ со 17 поени и 7 скока, а најефикасен беше Вил Бартон со 17 поени. Кај поразените „мечки“, Марк Гасол запиша 22 поени.

Минесота на домашен терен го совлада Њујорк со 118-108. Најзаслужен за победата беше Таунс со 23 поени, а извонреден настап имаша и Немања Бјелица, кој за 11 минути постигна 10 поени.

Во останатите натпревари, Вашингтон го совлада Орландо со 125-119, Шарлот беше подобар од Јута со 99-88, Бруклин забележа гостинска победа против Атланта од 105-110, Њу Орлеанс го совлада Портланд со 119-113, а во последниот натпревар Хјустон на гости триумфираше кај Феникс со 95-112.